Коби Браун се приклучи на Индијана преку размена на Ивица Зубац. Поентерот одигра два натпревари за својот нов клуб, со просек од 6 поени, 6,5 скока и 2 асистенции за 23,5 минути по натпревар.
„Разновиден играч. Може да игра и на позицијата 3 и на позицијата 4. Моќен. Брани на различни позиции“ – рече тренерот Рик Карлајл.
„Одличен офанзивен скокач е – многу ќе го користиме тоа. Многу добро ја разбира играта“ – коментираше главниот тренер на Индијана.

