Фудбалерите на Милан денеска од 20.45 часот ќе се сретнат со Комо во одложен натпревар од 24-то коло од италијанската Серија А.
„Росонерите“ имаат 8 бодови минус во однос на лидерот на табелата Интер додека гостите се борат да обезбедат евро-виза за наредната сезона.
Кај домаќинот ќе ги нема Хименез и Рабиот додека гостите допатуваа без Диао и Мората. Судија на стадионот „Сан Сиро“ ќе биде Мариани.

