Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Недановски: Имавме многу грешки, поразот беше неизбежен
    Ракомет

    Недановски: Имавме многу грешки, поразот беше неизбежен

    dinoBy dino18/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар со пораз се враќаат од Пирините. Тие вчера загубија на теренот на Бенфика во меч од Европската лига. Владо Недановски кој е дел од раководната структура во „црвено-црниот“ табор, во изјавата од Лисабон за Спортско радио 90,3 ФМ, направи кратка анализа на мечот.

    „Добро одигравме само во првите 15 минути. Потоа имавме многу технички грешки и промашени шутеви. Со таква игра не може да се освојат бодови иако во еден период се вративме на помала негатива но, немаше можност за пресврт. Бенфика е одличен состав на сите позиции“ – вели Недановски кој ја опиша и сликата околу стадионот пред мечот Бенфика-Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

    „Бевме во истиот спортски комплекс а атмосферата беше главно фудбалска. Кога пристигнавме ги видовме домашните навивачи и фановите на Реал. Се практично беше подредено на тој дуел. Во салата имаше малку публика“ – рече Недановски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.