Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не го криеше своето задоволство од победата на теренот на Монако во првиот натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите.
„Ова е ПСЖ што сакам да го видам – тим кој не се плаши од ништо и верува во својата идеја до последната секунда. Кога играме како еден, ние сме непобедливи“ – вели Енрике.
„Тоа е голем чекор но, ништо не е одлучено. Резултатот од 3:2 е одличен за нас. Во реваншот ќе излеземе да напаѓаме и да доминираме“ – нагласи тренерот на „светците“.

