Денеска Спортско радио 90,3 ФМ го одбележува 21- роденден со голема благодарност кон сите нашите слушатели, пријатели, соработници, луѓето инволвирани во спортот и спортското живеење.
Тоа значи дека цели две децении лиферуваме спортски вести, правиме анализи, разговори, интервјуа, посебни блокови, преноси, јавувања и извештаи, се со цел да овозможиме квалитетна спортска програма која ќе допре до нашите слушателите. Ветуваме дека преку етерот ќе продолжиме да ја делиме заедничката страст и енергија бидејќи спортот е инспирација за сите.
Тоа што започна пред 21 година речиси континуирано се збогатува со нови проекти наменети за сите возрасни категории кои се покрај радио-приемникот на фреквенцијата 90,3 ФМ или 21 година година спортска магија, нека ни е среќен роденденот!!

