Ракометниот клуб Вардар потврди дека го обезбедил српскиот интернационалец, Вукашин Воркапиќ, кој ќе остане до крајот на сезоната 2027/2028.
28- годишното десно крило пред да дојде во Скопје го носеше дресот на Војводина, на Металопластика од Шабац и на францускиот состав Иври. Тој е репрезентативец на Србија со настапи на Светски првенства а беше дел и од последното ЕП во Данска.
Воркапиќ веднаш ќе може да настапува за Вардар во продолжението на сезоната вклучително и во меѓународната конкуренција.

