Кошаркарот на Жалгирис, Силвен Франциско, вели дека има многу понуди но, дека нема намера да го напушти литванскиот состав. „Без разлика што ќе се случи јас сум фокусиран. Секако, има многу понуди но, сè е под моја контрола. Ги оставам тие прашања на агентот и целосно се насочувам на кошарката“ – рече Франциско. 28-годишниот плејмејкер во тековнава сезона во Евро-лигата има просек од 17,1 кош и 6,6 асистенции. Тој треба да одработи уште една година од договорот со литванскиот клуб.
Author: dino
Членот на Мекларен, Оскар Пјастри, проценува дека новите болиди кои имаат видни промени во моторот и аеродинамиката нема да им создаваат проблеми на возачите. „Тие дефинитивно изгледаат различно од последната генерација. Помали се, предното крило е многу, многу потесно, па изгледаат кул и звучат малку поразлично“ – рече Пјастри. „Од перспектива на возење има прилично големи разлики во погонските склопови. Можеме да бидеме задоволни од тестирањето“ – рече возачот од Австралија.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Игор Тудор, вели дека неговиот тим мора да победува по секоја цена за да го избегне најлошото – испаѓање во втората лига на Англија. „Проблемот е во недостатокот на играчи. Не станува збор само за физичката енергија туку и за менталната. За нас, секој натпревар во лигата е финале“ – рече хрватскиот тренер. „Спарси“ в недела ќе му гостуваат на Фулам во новото коло во Премиер-лигата.
Чуварот на мрежата на голот на Јувентус, Карло Пинсолињо, го продолжи договорот до 2027 година или за уште најмалку 12 месеци. Тоа значи дека 35-годишникот кој речиси две сезони нема ниту еден настап, ќе остане во Торино. Пинсолињо е дел од првиот тим на „старата дама“ од 2017 година и има одигра само шест официјални натпревари. Тој во неговата ризница има осум трофеи.
Првите луѓе на Интер може да го стават на листата за трансфери, Маркус Турам, откако тимот испадна од Лигата на шампионите. Според одредени наводи, италијанскиот состав мора да се раздели со неколку играчи за да ги надомести изгубените плати. Минатата сезона тимот од Милано доби 137 милиони евра од УЕФА а во тековнава сезона ќе инкасира околу 66 милиони. Во меѓувреме се појавија шпекулации дека и дефанзивецот, Дензел Дамфрис, исто така ќе си замине.
Утре ќе биде потпишан договор за соработка со кој Македонија официјално ќе се приклучи на меѓународната платформа – „Спортски игри за млади“. Тоа значи дека нашава земја ќе биде дел од реномираната меѓународна спортска манифестација што се одржува под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Европската комисија. На настанот ќе присуствуваат: претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, високи претставници од политичката и бизнис заедницата, меѓународни претставници и истакнати спортски легенди, заштитни лица на Игрите. Договорот ќе го потпишат претседателката на Федерација на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Плазма Спортските игри за млади,…
Серхио Агуеро, некогашниот голгетер на Манчестер Сити, имаше само пофални зборови за работата на Микел Артетата на клупата на Арсенал. „Артета се докажа како одличен тренер. Тој изгради силен тим кој знае како да игра и се бори за титулата. Само помислете колку време помина откако Арсенал ја освои Премиер лигата а колку беа блиску во последниве години“ – рече Аргентинецот.„ „Мислам дека ако ги прашате навивачите на Арсенал, ќе речат дека би сакале да го задржат Артета уште многу години“ – беа зборовите на Агуеро.
Поранешниот возач на Формула 1, Рикардо Патрезе, верува дека Шарл Леклер, може да ја освои титулата во новиот шампионат доколку болидот на Ферари ја има потребната брзина. „Ќе кажам Леклер. Тој е спортски лут што не станал шампион во Формула 1, иако многумина очекуваа тоа да се случи порано. Ако болидот на Ферари е доволно конкурентен може дури и да се соочи со некој како Верстапен“ – рече Патрезе. „Ферари се покажа добро на тестирањето но, ќе видиме како всушност ќе се одвиваат работите“ – потенцираше некогашниот учесник во „циркусот на тркала“.
34-годишниот Французин, Мустафа Фол, успеа да ја санира повредата и затоа ќе биде вклучен во наредните мечеви на Олимпијакос во меѓународната конкуренција. Тој претрпе сериозна повреда на коленото во финалето на грчкото првенство во изминатиот јуни. Грчкиот состав има сериозни проблеми со ростерот бидејќи Никола Милутинов, Саша Везенков и Тајрик Џонс се надвор од стројот.
Врз основа на член 3 од Правилникот за критериумите, условите и постапката за „Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“, организаторот “Сојуз на спортови на Скопје“, распишува: КОНКУРС за доделување на награди и признанија во изборот на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година 1. “Сојузот на спортови на Скопје“ покренува постапка за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“. 2. Наградите и признанијата за најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се доделуваат за…
