Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Игор Тудор, вели дека неговиот тим мора да победува по секоја цена за да го избегне најлошото – испаѓање во втората лига на Англија.
„Проблемот е во недостатокот на играчи. Не станува збор само за физичката енергија туку и за менталната. За нас, секој натпревар во лигата е финале“ – рече хрватскиот тренер.
„Спарси“ в недела ќе му гостуваат на Фулам во новото коло во Премиер-лигата.

