Чуварот на мрежата на голот на Јувентус, Карло Пинсолињо, го продолжи договорот до 2027 година или за уште најмалку 12 месеци.
Тоа значи дека 35-годишникот кој речиси две сезони нема ниту еден настап, ќе остане во Торино.
Пинсолињо е дел од првиот тим на „старата дама“ од 2017 година и има одигра само шест официјални натпревари. Тој во неговата ризница има осум трофеи.

