Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»„Сојуз на спортови на Скопје“, распишува: КОНКУРС за доделување на награди и признанија за 2025 година
    Домашен микс

    „Сојуз на спортови на Скопје“, распишува: КОНКУРС за доделување на награди и признанија за 2025 година

    dinoBy dino26/02/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Врз основа на член 3 од Правилникот за критериумите, условите  и постапката за  „Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“, организаторот “Сојуз на спортови на Скопје“, распишува: КОНКУРС за доделување на награди и признанија во изборот на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година

    1. “Сојузот на спортови на Скопје“ покренува постапка за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“.

    2. Наградите и признанијата за најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната 2025 година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Скопје.

    3. Право на предлагање на кандидати за изборот на најдобрите, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Скопје.

    4. Предлозите за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“, се за следниве категории:

    • Најдобри 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
    • Најдобри 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
    • Најдобар тренер;
    • Најдобра спортска екипа од Скопје;
    • Најдобар/а спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и
    • Најдобар/а спортист/ка во категоријата на лица со инвалидност.

    5. Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки игри, светски и европски првенства, и други меѓународни натпреварувања.

    На соодветните натпреварувања каде што е остварен спортскиот резултат, условите за номинирање на спортистите во поединечни спортови во изборот на најдобри спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје се:

    • За Светско првенство каде што учествуваат минимум 30 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи;
    • За Европско првенство каде што учествуваат минимум 15 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи.

    6. Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во квалификациите и групите во европската лига на шампиони, евро лигите, европските купови и други регионални натпреварувања.

    7. Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Скопје, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Скопје, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.

    8. Јавниот конкурс ќе трае 5 денови, сметано од денот на објавувањето.

    Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во Архивата на Сојузот на спортови на Скопје, со адреса на бул. Кочо Рацин бр.15 Скопје, со назнака за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и екипа на Град Скопје за 2025 година“.

    Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 3228 – 624.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.