Членот на Мекларен, Оскар Пјастри, проценува дека новите болиди кои имаат видни промени во моторот и аеродинамиката нема да им создаваат проблеми на возачите.
„Тие дефинитивно изгледаат различно од последната генерација. Помали се, предното крило е многу, многу потесно, па изгледаат кул и звучат малку поразлично“ – рече Пјастри.
„Од перспектива на возење има прилично големи разлики во погонските склопови. Можеме да бидеме задоволни од тестирањето“ – рече возачот од Австралија.

