Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук, е уверен дека неговите избраници имаат квалитет да му парираат на Ливерпул во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Турците во претходната рунда направија изненадување со елиминацијата на италијанскиот Јувентус.
„Гледајќи ја позицијата на Ливерпул во англиското првенство, Лигата на шампионите е многу поважна за нив“ – рече тренерот на Галатасарај.

