Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, заработи повреда на тетивата кон крајот на натпреварот против Олимпијакос.
Тој веднаш се упати кон соблекувалната и не се врати на клупата. Луѓето од „кнежевството“ стравуваат дека ќе останат без еден од лидерите на тимот и тоа во финишот на сезоната.
Џејмс во сезонава во Евро-лигата има просек од 16,7 поени, 3,4 скока и 6,5 асистенции.

