Новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орштајн, тврди дека бордот на директори на Ливерпул има целосна поддршка за главниот тренер на фудбалерите, Арне Слот.
„Црвените“ веруваат дека Холанѓанецот може да ја врати победничката серија и да донесе трофеј на стадионот -„Енфилд“.
Ќе потсетиме дека Слот во првата сезона на клупата на англискиот тим успеа да му ја донесе шампионската титула во Премиер-лигата.

