Author: dino

NBA

Џеф Тиг, поранешниот НБА играч, потенцира дека Џоел Ембиид, можел да стане најдобриот центар во историјата на лигата. „Доколку имаше здрава кариера и играше во НБА без сите повреди, ќе станеше најголемиот центар на сите времиња. Тој барем би бил во конкуренција за прво или второ место меѓу најголемите центри на сите времиња“ – рече Тиг. Најкорисниот играч во НБА за 2023 година, Ембиид, пропушти точно 465 натпревари или истиот број колку што одигра во целата кариера.

Read More
NBA

Поранешниот кошаркар на Индијана, Мајлс Тарнер, се осврна на ангажманот на центарот, Ивица Зубац, во системот на Пејсерси. „Тешко е да се процени сè уште. Со Тајрис  ви треба простор да дејствувате. Со Зу, ситуацијата е малку поразлична иако е добар плејмејкер и додавач, тој игра повеќе под кошот“ – рече Тарнер. „Сè уште не знам како тоа ќе влијае на распоредувањето на играчите во системот на Рик Карлајл. Ќе мора да почекаме и да видиме“ – рече центарот  на Милвоки.

Read More

Кошаркарскиот состав на Басконија објави дека ќе ги одигра наредните два домашни натпревари од Евролигата без публика поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток. Натпреварите против екипите од Тел Авив , Хапоел (27 март) и Макаби (7 април), ќе се играат без публика. Клубот објави дека на имателите на сезонски влезници ќе им бидат надоместени трошоците односно износот автоматски ќе се одбие за наредната сезона 2026/27.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Лиам Росниер,  потврди дека капитенот, Рис Џејмс, има повреда на тетивата и ќе биде надвор од теренот неколку недели. Црномурестиот играч ќе го пропушти реваншот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите и пресметката со Евертон во Премиер лигата во текот на викендот. Џејмс сигурно нема да игра и на контролните мечеви за репрезентацијата на Англија на крајот од месецов. Тој неодамна го продолжи договорот со „сините“ од Лондон.

Read More

Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе се раздели со Бразилецот, Касемиро, во текот на летото, тврдат медиумите во Англија. 34-годишниот фудбалер претходно во јануари објави дека ќе го напушти тимот кога ќе му истече договорот. Проблем претставува и неговата голема плата. Играчот од средниот ред на последниот меч славеше пред навивачите на „Олд Трафорд“, постојано покажувајќи кон грбот на клубот на неговиот дрес.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал , Алваро Арбелоа, изјави дека мадридскиот клуб ќе оди на победа и во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити иако има значајна предност од 3-0. „Немаме друга цел освен да излеземе на теренот и да победиме. Со истата посветеност што ја имавме во првиот натпревар бидејќи знаеме дека не е лесно да се игра на тој стадион и дека нивните навивачи ќе бидат таму“ – рече Арбелоа и се насочи кон Килијан Мбапе. „Тешко е да се помисли дека без најдобриот играч во светот, еден тим би можел да биде поконкурентен…

Read More

Фудбалерите на Милан, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, влегле во расправија по неделниот пораз од Лацио во меч од Серија „А“ . Според наведеното од „Ла Газета дело Спорт“, Португалецот уште на теренот покажал знаци дека не е задоволен од играта на Хрватот а целата ситуација ескалирала во соблекувалната по што морал да се вмеша и тренерот Алегри за да ги смири страстите.  „Росонерите“ по поразот во Рим, полека ги губат шансите за освојување на шампионската титула.

Read More

Фудбалерот, Алесандро Бастони, може да го напушти Интер на крајот од сезоната, наведуваат дел од медиумите во Италија. Клубот се надева дека ќе го продаде за да собере пари за реинвестирање на трансфер пазарот во текот на летото. Играчот кој ќе наполни 27 години во април, има договор кој е валиден до летото во 2028 година.

Read More

Ракометарите на Вардар го совладаа Пелистер со 27:22 и направија голем чекор кон титулата во домашниот шампионат. Во исполнетата сала – „Боро Чурлевски“, составот на „црвено-црните“ одигра одлично во последните осум минути на мечот и сосема заслужено ги однесе бодовите. Јака Малус беше прв стрелец кај гостите со осум голови пред Милан Лазаревски со седум. Во домашниот табор Дејан Манасков, Андреј Видомски, Рудолф Хакбарт и Филип Кузмановски дадоа по три гола. На табелата Вардар е лидер со 46 бодови пред Еурофарм Пелистер и Охрид кои имаат по 40. Алкалоид досега собра 36 бодови, Тиквеш 24 а Бутел има 22.

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав Голден Стејт Вориорс кој остана без вистински центар брзо реагираше и колку-толку пополни дел од празнината под обрачите. НБА тимот објави дека го ангажирал времено Омер Јуртсевен кој во изминатата недела се врати во Соединетите Држави откако претходно играше во Панатинаикос. Турскиот кошаркар дел од сезоната ја помина со грчкиот гигант. 27-годишниот центар во 19 натпревари од Евролигата имаше просек од 6,3 поени и 3,5 скока по натпревар.

Read More