Тренерот на фудбалерите на Реал , Алваро Арбелоа, изјави дека мадридскиот клуб ќе оди на победа и во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити иако има значајна предност од 3-0.
„Немаме друга цел освен да излеземе на теренот и да победиме. Со истата посветеност што ја имавме во првиот натпревар бидејќи знаеме дека не е лесно да се игра на тој стадион и дека нивните навивачи ќе бидат таму“ – рече Арбелоа и се насочи кон Килијан Мбапе.
„Тешко е да се помисли дека без најдобриот играч во светот, еден тим би можел да биде поконкурентен но, тоа многу кажува за квалитетот“ – нагласи Арбелоа.

