Кошаркарскиот состав на Басконија објави дека ќе ги одигра наредните два домашни натпревари од Евролигата без публика поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток.
Натпреварите против екипите од Тел Авив , Хапоел (27 март) и Макаби (7 април), ќе се играат без публика.
Клубот објави дека на имателите на сезонски влезници ќе им бидат надоместени трошоците односно износот автоматски ќе се одбие за наредната сезона 2026/27.

