Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Лиам Росниер, потврди дека капитенот, Рис Џејмс, има повреда на тетивата и ќе биде надвор од теренот неколку недели.
Црномурестиот играч ќе го пропушти реваншот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите и пресметката со Евертон во Премиер лигата во текот на викендот.
Џејмс сигурно нема да игра и на контролните мечеви за репрезентацијата на Англија на крајот од месецов. Тој неодамна го продолжи договорот со „сините“ од Лондон.

