Џеф Тиг, поранешниот НБА играч, потенцира дека Џоел Ембиид, можел да стане најдобриот центар во историјата на лигата.
„Доколку имаше здрава кариера и играше во НБА без сите повреди, ќе станеше најголемиот центар на сите времиња. Тој барем би бил во конкуренција за прво или второ место меѓу најголемите центри на сите времиња“ – рече Тиг.
Најкорисниот играч во НБА за 2023 година, Ембиид, пропушти точно 465 натпревари или истиот број колку што одигра во целата кариера.

