Фудбалерите на Милан, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, влегле во расправија по неделниот пораз од Лацио во меч од Серија „А“ .
Според наведеното од „Ла Газета дело Спорт“, Португалецот уште на теренот покажал знаци дека не е задоволен од играта на Хрватот а целата ситуација ескалирала во соблекувалната по што морал да се вмеша и тренерот Алегри за да ги смири страстите.
„Росонерите“ по поразот во Рим, полека ги губат шансите за освојување на шампионската титула.

