19-годишниот возач на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои Големата награда на Кина или втората трка во календарот на Формула 1.
Италијанецот победи пред клупскиот колега Џорџ Расел и двоецот на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Бодови уште освоија и Оливер Берман, Пјер Гасли, Лиам Лосон, Исак Хаџар, Карлос Саинц и Франко Колапинто. Куриозитет е што Оскар Пјастри, Ландо Норис, Габриел Бортолето и Алекс Албон поради разни технички проблеми се откажаа пред стартот.
Наредните возбудувања во Ф1 ќе бидат од 27 до 29 март на патеката во Јапонија. На табелата води Расел пред Антонели и Леклер. Екипата на Мерцедес е лидер кај конструкторите пред Ферари и Мекларен.

