Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, ја завршува рехабилитацијата по воспаление на коленото.
Според најавите се очекува поентерот да се врати на теренот во еден од наредните два меча. Неговиот тим прво ќе го пречека Детроит а потоа ќе му гостува на Далас.
Едвардс одигра 58 натпревари оваа сезона, со просек од 29,5 поени, 5,1 скока, 3,7 асистенции и 1,4 украдени топки.

