Тренерот на кошаркарите на Босна, Мухамед Пашалиќ, по поразот од Партизан во АБА лигата, упати честитки до „црно-белите“ кои го преземаа врвот во Јадранската конкуренција.
„Не игравме како што замислував, но, момците се бореа – дадоа се од себе. Повредите на бековските позиции се тука и не можеме да направиме ништо повеќе“ – рече Пашалиќ.
„Имавме 19 изгубени топки иако Партизан немаше агресивна одбрана. Се надевам дека набргу ќе се комплeтираме“ – изјави тренерот на Босна.

