Кошаркарот на Мемфис, Џејлен Велс, имаше операција на палецот на десната нога и ќе мора да паузира подолг период.
Иако НБА тимот не сакаше да потврди, медиумите тврдат дека нема да игра до крајот на шампионатот. 22-годишниот поентер во дебитантската сезона има просек од 12,5 кошеви и 3,2 скока по натпревар.
Покрај Велс, во болницата на Мемфис се и Санти Алдама, Кентавиус Колдвел-Поуп, Брендон Кларк, Зак Иди, Џа Морант и Скоти Пипен Јуниор.

