Нашите најдобри фудбалери доцна вечер ќе гостуваат кај Данска во бараж-меч за пласман на Светското првенство закажано во текот на летото во САД, Канада и Мексико.
Со Данците ремизиравме во Скопје во квалификациите за ЕП додека во вториот натпревар во тој циклус загубивме во Копенхаген. Единствената победа ја имаме на пријателски натпревар во 2013 година и тоа со 3-0.
Победникот од денешната пресметка на стадионот „Паркен “, во вторник на 31 март ќе игра со подобриот од дуелот Чешка- Република Ирска. Денешната средба Данска-Македонија ќе започне во 20:45 часот а ќе ја суди Германецот, Феликс Цвајер.

