Author: dino

NBA

Кошаркарот на Вашингтон, Александар Сар, кој има повреда на прстот на ногата, веројатно ќе го пропушти и завршниот дел од сезоната и натпреварите против Мајами и Кливленд. Тој во досегашните 48 средби имаше просек од 16,3 поени и 7,4 скока но, речиси во континуитет се соочуваше со помали повреди. Центарот е еден од десетте играчи на „Визардс“ кои се во процес на рехaбилитација.

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој не играше на последните три средби, вели дека тоа е одлука на тренерот. -Не разбирам зошто правите толку голема работа од тоа. Тренерот е задолжен за играта, тој ги става играчите на теренот. Имам огромно почитување кон него и кон сите мои соиграчи, напиша Асенсио на социјалните мрежи. Причина за неговата објава се реакциите на фановите на Реал на социјалните мрежи.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Франк де Јонг ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик за локалното дерби со Еспањол. Холандскиот играч од средниот ред паузира од 26 февруари кога се повреди на еден од тренинзите. Де Јонг е еден од клучните играчи кај Каталонците кои во вторник ги очекува и реваншот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.  

Read More

Тренерот на фудбалерите на Спортинг, Руи Боргес, вели дека неговиот тим не заслужи да загуби од Арсенал во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Португалците одиграа солидно во најголемиот дел од средбата, но, англичаните сепак дојдоа до еден гол што им донесе гостинска победа.   „Нормално е да се чувствувате малку разочарани по одличната игра против екипа од врвна класа. Ако ги погледнете целите 90 минути, имавме три или четири чисти шанси, додека тие немаа ниту една. Ни требаше само повеќе острина пред голот“ – рече тренерот на Спортинг.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се осврна на вчерашниот пораз од Баерн Минхен во првиот меч од 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите. Неговите избраници загубија на домашен терен на „Сантијаго Бернабе“ со 2-1, што значи дека ќе мора да одиграат многу подобро во реваншот на Алијанц Арена доколку сакаат да останат во елитата на Европа. „Инсистирав дека мора да го подобриме нашиот посед, да продолжиме да ја држиме топката. Нашиот гол ни даде надеж, но тоа беше ноќ кога игравме против талентиран и опасен тим“ – рече Арбелоа.

Read More
NBA

Џеј Џеј Редик, тренерот на кошаркарите на ЛА Лејкерс, верува дека Лука Дончиќ, брзо ќе ја надмине повредата и ќе се врати посилен на терените. Ѕвездата на „езерџиите“, се врати во Европа за да ја лекува повредата на мускулот. „Нема да кажам колку долго ќе биде таму, но мислам дека не губи храброст. Од нашите разговори, можам да видам дека е решен да направи сè што може.“ – рече Редик. „Знам дека му е тешко да биде подалеку од кошаркарскиот терен. Тоа му е омилено место. Тој е еден од ретките момци кои играат преку целата година“ – сподели Редик

Read More

Денеска не чекаат нови два меча во лигата на фудбалските шампиони  и тоа воведни во 1/4 финалната фаза. Барселона ќе игра во чисто шпанска пресметка со Атлeтико Мадрид додека Ливерпул ќе гостува кај францускиот ПСЖ. Токму тренерот на англичаните, Арне Слот, изјави дека  фудбалерите мора да размислуваат само за денешната пресметка. „Тие се европски шампиони и целосно го заслужуваат тоа. Беа толку импресивни минатата сезона но, деталите можат да направат голема разлика“ – нагласи тренерот на Ливерпул.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, го истакна исклучителниот настап на Тајлер Дорси и Александар Везенков на мечот со Реал Мадрид. „Бевме компактни во двете фази од играта. Постигнавме 100 поени против една од најдобрите одбрани, направивме 25 асистенции“ – рече Барцокас. „Многу е тешко да се изгуби натпревар со такви индикатори. Игравме како тим, Дорси и Везенков имаа одлична игрa“ – рече тренерот на грчкиот состав.

Read More

Медиумите во Италија наведуваат дека  дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, може да си замине во текот на летото.   „Sportmediaset“ и „Calciomercato“, сугерираат дека нероаѕурите ќе бараат најмалку 60 милиони евра за неговиот потпис а сумата може да се зголеми и до 70 милиони со бонуси. Бастони стана контроверзна фигура во Италија по инцидентот на дербито со Јувентус . За него се заинтерсирани екипи од Шпанија и Англија.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Далас, Џејсон Кид, верува дека поранешниот член на тимот Лука Дончиќ, може да конкурира за наградата најкорисен играч во НБА. Интернационалецот од Словенија кој сега го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс, има одиграно 64 мечеви или еден помалку од предвидената норма за да може да биде ставен на списокот за МВП. „Штета. Не само за Лука, туку и за другите момци кои се наоѓаат во слична ситуација. Лука има сезона од калибарот на МВП. Затоа, се надевам дека лигата ќе ги разгледа сите такви случаи и ќе се погрижи ниту еден играч да не биде…

Read More