Денеска не чекаат нови два меча во лигата на фудбалските шампиони и тоа воведни во 1/4 финалната фаза. Барселона ќе игра во чисто шпанска пресметка со Атлeтико Мадрид додека Ливерпул ќе гостува кај францускиот ПСЖ.
Токму тренерот на англичаните, Арне Слот, изјави дека фудбалерите мора да размислуваат само за денешната пресметка.
„Тие се европски шампиони и целосно го заслужуваат тоа. Беа толку импресивни минатата сезона но, деталите можат да направат голема разлика“ – нагласи тренерот на Ливерпул.

