Џеј Џеј Редик, тренерот на кошаркарите на ЛА Лејкерс, верува дека Лука Дончиќ, брзо ќе ја надмине повредата и ќе се врати посилен на терените. Ѕвездата на „езерџиите“, се врати во Европа за да ја лекува повредата на мускулот.
„Нема да кажам колку долго ќе биде таму, но мислам дека не губи храброст. Од нашите разговори, можам да видам дека е решен да направи сè што може.“ – рече Редик.
„Знам дека му е тешко да биде подалеку од кошаркарскиот терен. Тоа му е омилено место. Тој е еден од ретките момци кои играат преку целата година“ – сподели Редик

