Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, го истакна исклучителниот настап на Тајлер Дорси и Александар Везенков на мечот со Реал Мадрид.
„Бевме компактни во двете фази од играта. Постигнавме 100 поени против една од најдобрите одбрани, направивме 25 асистенции“ – рече Барцокас.
„Многу е тешко да се изгуби натпревар со такви индикатори. Игравме како тим, Дорси и Везенков имаа одлична игрa“ – рече тренерот на грчкиот состав.

