Денеска во Скопје го имавме 14-то издание на традиционалната женска Авицена атлетска трка на која се појавија повеќе од 3.400 натпреварувачки.
Стартот и целта на патеката долга три колиметри беа на булеварот „Илинден“ кај фонтаната – „Лотос“. Победничката, Душица Јанковиќ, патеката ја истрча за 11 минути и 24 секунди. Второто место ѝ припадна на Викторија Тодоровска а третото на Емили Ивановска.
Организаторот на крајот додели признанија во 10 возрасни категории.

