Рускиот тенисер, Данил Медведев, ги сподели своите мисли за сезоната на земјени терени пред Мастерсот во Монте Карло.
„Кога ги гледам моите резултати во Дубаи, Индијан Велс и тенисот што го играв, сфаќам дека би сакал да играм уште подобро“ – рече тенисерот.
„Мислам дека тврдата и земјената подлога се сосема различни работи за мене. Сè што се случило претходно и сè што доаѓа потоа е неважно“ – рече Медведев.

