Атлетико Мадрид вечер од 21.00 часот ќе ја пречека Барселона во реванш од 1 /4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Домаќинот има предност на хартија од 2-0 обезбедена на првиот меч со што ја отвори вратата за влез во наредната фаза. Каталонците, пак, ќе треба да направат голем подвиг за да обезбедат место во полуфиналето.
Тоа ќе биде шестиот натпревар меѓу големите ривали во тековнава сезона, што е мал куриозитет. Домаќините ќе бидат без казнетиот Марк Пубил како и без повредените Давид Ханцко и Хозе Марија Хименез. Во тимот се враќаат Јан Облак, Робин Ле Норманд и Пабло Бариос. Во Барса, Кубарси е надвор од теренот откако доби црвен картон во првиот натпревар. Рафиња и Андреас Кристенсен остануваат во аут додека Марк Бернал и Френки де Јонг веројатно нема да можат да ги одиграат сите 90 минути. Роналд Араухо е подготвен за игра.
Можни состави: Атлетико: Мусо; Молина, Ле Норманд, Ленгле, Ругери; Љоренте, Коке; Симеоне, Гризман, Лукман; Алварез.Барселона: Жоан Гарсија; Кунде, Роналд Араухо, Жерар Мартин, Жоао Кансело; Ерик Гарсија, Педри; Јамал, Фермин Лопез, Рашфорд; Левандовски. Натпреварот на Естадио Метрополитано му е доверен на францускиот судија, Клемент Турпин.

