Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за спот Борко Ристовски денеска во Владата оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој е во официјална посета на Македонија, на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Денеска остварив средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, каде што разговаравме за визијата, развојот и перспективите на фудбалот. Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти“, изјави премиерот Мицкоски.

„Убеден сум дека оваа средба ќе придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот во Македонија на сите нивоа“, истакна Ристовски.


