Ливерпул и Пари Сен Жермен вечер на Енфилд ќе се соочат во реваншот од 1/4-финалето на Лигата на шампионите. „Црвените“ немаат простор за калкулација откако го загубија првиот меч во Франција со 2-0.
Ливерпул игра топло-студено без победнички континуитет што пак, оди на рака на противникот кој да не заборавиме дека е бранител на европскиот трон. Англичаните и французите досега се сретнале седум пати во европските конкуренции. Парижаните имаат 4 победи а Ливерпул три.
За домаќинот веројатно ќе стартуваат: Мамардашвили; Фримпонг, Конате, Ван Дајк, Керкез; Гравенбер, Мек Алистер; Салах, Собослаи, Вирц; Екитике. За ПСЖ се очекуваат: Сафонов; Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендес; Заир-Емери, Витиња, Жоао Невес; Дуе, Дембеле, Кварацхелија. Главен судија на натпреварот ќе биде Италијанецот, Маурицио Маријани.

