Поранешниот возач на Формула 1, Дејвид Култхард, се надева дека Макс Верстапен ќе остане во Формула 1 и нема да го напушти шампионатот поради незадоволство од перформансите на новите болиди.
„Макс е вистински тркачки возач. Ако Ред Бул никогаш повеќе не го освои шампионатот, заедно ги постигнаа целите“ – рече Култхард.
„Се надевам дека ќе остане во Формула 1. На крајот на краевите тој останува репер за другите“ – потенцираше Британецот.

