Менаџерот на Челзи, Лиам Росениор, не беше расположен да го коментира поразот на гостувањето кај Брајтон во меч од Премиер лигата на Англија.
„Поставете им ги прашањата на играчите. Без разлика дали играте за елитен фудбалски клуб или за некој друг, неприфатливо е да се откажувате. Тоа е сè што ќе кажам“ – рече разочарано Росениор.
„Не станува збор за мене, туку за овој фудбалски клуб. Челзи претставува борба, желба и решителност. Тоа апсолутно недостасуваше вечерва“ – нагласи тренерот на „сините“.

