Алекс Маркез ја освои домашната трка за Големата награда на Мото ГП во Шпанија со што ја прекина серијата од пет победи на Марко Беџеки.
Возачот на Гресини Дукати го презеде водството на средина од вториот круг кога го престигна неговиот брат Марк. Денеска втор заврши Беџеки пред Фабио Ди Џанантонио. Првата петорка за затворија Хорхе Мартин и Аи Огура.
Сезоната во Мото ГП ќе продолжи за две недели со трката за Големата награда на Франција на патеката Бугати во Ле Ман.

