Селекторот на Холандија, Роналд Куман, изјави дека сериозната повреда на Чави Симонс е голем удар за „лалињата “ пред Мундијалот во текот на летото. 23-годишниот напаѓач на Тотенхем во изминатиот викенд ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на мечот со Вулверхемптон во Премиер лигата. „Единственото позитивно нешто е што е млад. Дефинитивно ќе игра на големи турнири во иднина. Тој е талентиран играч со огромен потенцијал“ – рече Куман.
Author: dino
Фудбалерите на Арсенал утре ќе го пречекаат Фулам во новата рунда во Премиер-лигата. Мечот доаѓа пред реваншот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Микел Аретта, верува дека со голема поддршка од трибините може да се прокнижат три бода кои се многу значајни во трката за титулата со Манчестер Сити. „Фокусирани сме да победиме и да се приближиме до остварување на нашиот сон. Играме за да ја освоиме Премиер лигата“ – рече тренерот на „топчиите“.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, пред неделното дерби со Ливерпул, вели, дека е посебно мотивиран. Неговиот тим е во жестока битка за место во Лигата на шампионите а еден од опонентите е токму тимот на „црвените“, предводен од Арне Слот. „Тоа е еден од моите омилени натпревари. Има и други големи мечеви и соперништва но, овој е над сите. Историјата, подеми и падови, возбудата, забавата, емоциите, го прават мечот посебен“ – рече тренерот на „црвените ѓаволи“.
Медиумите во САД најавија дека првиот поентер на Бостон, Џејсон Тејтум, кој го напушти рано мечот против Филаделфија во плеј-офот, ќе биде подготвен за наредниот предизвик. Според, инсајдерот, Чаранија сите во клубот негираат проблеми со кошаркарот а Џо Мацола тврдел дека играчот нема повреда. Тејтум кој претходно имаше проблеми со ахиловата тетива, веројатно ќе игра на седмиот меч од серијата.
Играчот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, има само две опции по завршувањето на оваа сезона. Да остане во клубот уште една или да замине во пензија. Медиумите во Италија тврдат дека 40-годишниот ветеран веројатно ќе се определи за уште 12 месеци кај „росонерите“. Тој во деби-сезоната успеа да одигра 33 натпревари. Како дополнителен мотив се гледа фактот дека Милан во наредната сезона веројатно ќе биде дел од Лигата на шампионите.
Интер планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот за уште две години на дефанзивецот, Федерико Димарко, , објави „Калчомеркато“. Според извор, Интер има намера да го задржи 28-годишниот Италијанец до летото во 2030 година. Фудбалерот во сезонава постигна седум голови и имаше 18 асистенции во 43 натпревари.
Брендон Инграм не можеше да го заврши натпреварот против Кавалирс во текот на ноќта во НБА лигата. Кошаркарот на Торонто одигра само 11 минути во петтиот меч од серијата против Кливленд по што мораше да напушти теренот поради повреда. До тој момент имаше еден кош, 1 скок, 2 асистенции, 1 изгубена топка и 1 блокада.
Медиумите во САД наведуваат дека тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, деновиве имал подолга средба со челниците на која се разговарало за неговата иднината. Сопственикот, Џо Лејкоб и генералниот менаџер, Мајк Данливи, сакаат да ја продложат соработката но, Кер најави, дека може да го напушти клубот. Пред извесен период имаше информација дека „воините“ може да ангажираат тренер кој работи во развојната лига.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке, се осврна на вчерашното реми со Арсенал (1:1) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. „Дадовме се на теренот. Започнавме добро иако имавме негатива. Имавме шанса да победиме но, сè ќе биде одлучено во реваншот“ – рече капитенот на шпанскиот тим. „Тие се бранат многу добро и имаат неколку брзи играчи во нападот. Не успеавме да го завршиме натпреварот со реализација на шансите што ги имавме“ – рече Коке.
Главниот инженер на Хонда, Шинтаро Орихара, ги коментираше подобрувањата на моторот пред трката за Големата награда на Мајами. „Постигнатиот напредок нема да има забележително влијание врз перформансите на погонскиот дел. Затоа, не очекувајте голем пробив во Мајами.“ – рече Орихара. „Тоа е единствената патека со две долги секции на кои можете да возите со полн гас и со неколку побавни свиоци“ – рече Орихара.
