Играчот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, има само две опции по завршувањето на оваа сезона. Да остане во клубот уште една или да замине во пензија.
Медиумите во Италија тврдат дека 40-годишниот ветеран веројатно ќе се определи за уште 12 месеци кај „росонерите“. Тој во деби-сезоната успеа да одигра 33 натпревари.
Како дополнителен мотив се гледа фактот дека Милан во наредната сезона веројатно ќе биде дел од Лигата на шампионите.

