Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке, се осврна на вчерашното реми со Арсенал (1:1) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Дадовме се на теренот. Започнавме добро иако имавме негатива. Имавме шанса да победиме но, сè ќе биде одлучено во реваншот“ – рече капитенот на шпанскиот тим.
„Тие се бранат многу добро и имаат неколку брзи играчи во нападот. Не успеавме да го завршиме натпреварот со реализација на шансите што ги имавме“ – рече Коке.

