Фудбалерите на Арсенал утре ќе го пречекаат Фулам во новата рунда во Премиер-лигата. Мечот доаѓа пред реваншот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Нивниот тренер, Микел Аретта, верува дека со голема поддршка од трибините може да се прокнижат три бода кои се многу значајни во трката за титулата со Манчестер Сити.
„Фокусирани сме да победиме и да се приближиме до остварување на нашиот сон. Играме за да ја освоиме Премиер лигата“ – рече тренерот на „топчиите“.

