Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, пред неделното дерби со Ливерпул, вели, дека е посебно мотивиран.
Неговиот тим е во жестока битка за место во Лигата на шампионите а еден од опонентите е токму тимот на „црвените“, предводен од Арне Слот.
„Тоа е еден од моите омилени натпревари. Има и други големи мечеви и соперништва но, овој е над сите. Историјата, подеми и падови, возбудата, забавата, емоциите, го прават мечот посебен“ – рече тренерот на „црвените ѓаволи“.

