Ракометарите на Охрид доцна синоќа загубија кај Целје со 27:26 во првиот меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. По дуелот во Словенија, тренерот на нашиот тим Борис Ројевиќ, изјави дека мечот бил максимално квалитетен и борбен а домаќинот покажал дека е одличен состав.
„Честитки за моите момци на една извонредна партија и на еден извонреден карактер. Се вративме од „минус шест-седум“ голови негатива и направиме активен резултат пред реваншот во Охрид“ – рече Ројевиќ
Победникот од пресметката Целје-Охрид, во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Татабања (Унгарија) кои допрва ќе ја имаат воведната пресметка во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

