Фудбалерот, Коби Мајно, ќе заработува значително повеќе пари откако ќе ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед за пет сезони.
Според „Дејли меил“, платата на 21-годишниот играч од средниот ред ќе се зголеми од 20.000 на 150.000 фунти неделно.
Тој играше на 24 натпревари во сезонава во Премиер лигата на кои направи две асистенции.

