Голманот на ПСЖ, Матвеј Сафонов, се огласи по победата против Баерн (5:4) во првиот полуфинален натпревар од Лигата на фудбалските шампиони.
„Мислам дека токму за вакви натпревари велат дека можете да ги изброите на прсти во кариерата. Првиот дел од шоуто заврши, се подготвуваме за вториот“, напиша Сафонов на социјалните мрежи.
Реваншот меѓу францускиот состав и Баварците ќе биде одигран на 6 мај во Германија.

