Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Нова активност на МОК
    Фудбал

    Нова активност на МОК

    dinoBy dino29/04/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), започна Олимписката обука за напреден спортски менаџмент за 2026 година, која се одржа во просториите на Олимпискиот дом.

    Обуката официјално ја отвори и ги поздрави присутните претседателот на МОК, Даниел Димевски. Поздравно обраќање до учесниците имаше и генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, кој им посака успешна работа во претстојниот период.

    На агендата за првиот ден беше реализацијата на првиот модул: „Вовед во Олимписката обука за напреден спортски менаџмент“, под водство на д-р Сашо Поповски. Оваа престижна програма, која претставува темел за професионален развој на спортските кадри, ќе трае 6 месеци и опфаќа 7 клучни модули (вклучувајќи стратешко управување, финансии, човечки ресурси и спортски маркетинг). По успешното завршување на сите модули и одбрана на седумте практични трудови (Case Studies), кандидатите ќе се стекнат со Меѓународна диплома за напреден спортски менаџмент, официјално признаена од ИОК, што е еден од главните фактори за унапредување на спортските организации и постигнување врвни спортски резултати.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.