Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, не е задоволен од играта на првиот мечот со Жалгирис во Евролигата иако неговиот тим славеше со 89:78.
„Се чини дека можеме да ја играме нашата кошарка но, не разбирам што ни се случува. Така беше во Маниса, во Лион а сега и тука“ – рече Литванецот алудирајќи дека неговиот тим откако ќе направи двоцифрена предност влегува во хаотична игра.
Вториот натпревар од серијата ќе се реализира денеска во Турција.

