Author: dino

Кошаркарот, Џими Кларк, се согласи да остане во екипата на Макаби Тел Авив до 2028 година, објавија медиумите во Европа. Плејмејкерот сега ќе заработува приближно 2 милиони долари во наредните две сезони. Тоа претставува значително зголемување на платата во однос на неговиот досегашен договор. Кларк во регуларната сезона на Евролигата, имаше просек од 9,5 поени, 4,3 асистенции и 1,3 украдени топки.

Read More

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, вели дека е презадоволен со пласманот во финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим вчера одигра нерешено кај Баерн Минхен и со вкупен резултат 6-5 го завери учеството во решавачкиот меч за пехарот. „Многу сме среќни што стигнавме до второто финале по ред. Беше многу интензивно. Многу тешко. Баерн е на наше ниво а Арсенал е еден од најдобрите тимови во сезонава“ – нагласи тренерот на „светците“.

Read More
NBA

Ко-сопственикот на Милвоки, Џими Хаслам, се осврна на ситуацијата со Јанис Адетекумпо кој речиси е пред излезната врата од клубот. „Мислам дека решавањето на ова пред драфтот е разумен временски рок. Ако Јанис сака да игра некаде на друго место, треба да имаме многу ресурси. Ако остане, треба да го изградиме тимот поинаку.“ – рече Хаслам. „Во наредните шест до седум недели ќе одлучиме дали Јанис ќе потпише нов максимален договор или ќе си оди“ – рече Хаслам.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Филаделфија, Ник Нурс, се осврна на поразот од Њујорк во меч од плеј-офот во НБА лигата. „Го признавам напорот на противникот. Но, ни требаа само неколку шутеви од навистина добри позиции и можевме да влеземе на крајот со шанса за победа“ – рече Нурс. „Ќе биде исто во текот на целата серија. Не очекувам ништо друго. Секој натпревар ќе се игра токму така, ќе биде физички напорно“ – рече тренерот на Филаделфија.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Микел Мерино, влезе во последниот период за рехабилитација и започна да работи индивидуални тренинзи, наведуваат медиумите во Англија. Репрезентативецот на Шпанија е надвор од терените од јануари поради сериозна повреда на стапалото за која беше потребна операција и долго закрепнување. „Топчиите“ во финишот на сезоната се речиси пред освојување на Премиер-лигата а ги чека и финалето со ПСЖ во Лигата на шампионите закажано за 30 мај во Будимпешта.

Read More

Мајкл Карик ќе добие понуда да потпише перманентен договор и да остане на клупата на  фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, објави весникот – „Гардијан“. Одредени извори тврдат дека спортскиот директор, Џејсон Вилкокс и извршниот директор, Омар Берада, се импресионирани од работата на менаџерот. По неговото доаѓање во јануари, составот од „Олд Трафорд“ победи на 10 од 14 натпревари во Премиер лигата и обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Read More

Медиумите во Италија наведуваат дека португалскиот фудбалер, Рафаел Леао, може да остане надвор од списокот за неделниот меч со Аталанта во новото коло во Серија „А“.   Како стојат работите, 26-годишниот напаѓач ќе биде ставен на трансфер-листата во текот на летото. Тој пристигна на стадионот – „Сан Сиро“ во 2019 година за 50 милиони евра. Во 7 сезони на „Чизмата“ успеа да постигне 80 голови и да направи 65 асистенции во 289 мечеви. Леао со „росонерите“ освои една титула во шампионатот и еден пехар во Супер-купот на Италија.

Read More

Фудбалерот на Наполи, Станислав Лоботка, може да добие понуда да се пресели во екипата на Јувентус. Наводно, тренерот на „старата дама“, Лучијано Спалети, има намера да го ангажира интренационалецот од Словачка кој не е задоволен од статусот во Неапол. Неговиот договор е валиден до летото во 2027 –ма и вклучува клаузула од 25 милиони евра која може да се активира годинава само до средината на јули.

Read More

На возраст од 61 година, по долго боледување, почина Сами Адеми, долгогодишен коментатор во Македонската Радио-Телевизија. Адеми беше дел од спортската редакција на втората програма на националниот сервис. Негова главна окупација беше фудбалот но, покриваше и други области од спортското живеење. Сами Адеми ќе остане запаметен како еден од симболите на спортското новинарство во Македонија.

Read More

Фудбалерите на Шкендија Тетово и Силекс ќе играат во финалето на Купот на Македонија за сезоната 2025/26. Во денешните реванши од последната елиминациска фаза, тетовци славеа на гостувањето кај Шкендија Арачиново со 2-0 и со вкупни 5-2 си обезбедија место во завршниот меч за пехарот.Силекс во Кратово успеа минимално да го совлада составот на Охрид со 1-0 и со вкупни 2-1 да влезе во решавачкиот меч за трофејот во најмасовното клупско натпреварување кај нас.

Read More