Медиумите во Италија наведуваат дека португалскиот фудбалер, Рафаел Леао, може да остане надвор од списокот за неделниот меч со Аталанта во новото коло во Серија „А“.
Како стојат работите, 26-годишниот напаѓач ќе биде ставен на трансфер-листата во текот на летото. Тој пристигна на стадионот – „Сан Сиро“ во 2019 година за 50 милиони евра.
Во 7 сезони на „Чизмата“ успеа да постигне 80 голови и да направи 65 асистенции во 289 мечеви. Леао со „росонерите“ освои една титула во шампионатот и еден пехар во Супер-купот на Италија.

