Фудбалерот на Наполи, Станислав Лоботка, може да добие понуда да се пресели во екипата на Јувентус.
Наводно, тренерот на „старата дама“, Лучијано Спалети, има намера да го ангажира интренационалецот од Словачка кој не е задоволен од статусот во Неапол.
Неговиот договор е валиден до летото во 2027 –ма и вклучува клаузула од 25 милиони евра која може да се активира годинава само до средината на јули.

